Утрински Весник
Македонија

Власт и опозиција, Бугари и Македонци – дел ќе стигнат до гробот на Делчев, други ќе останат на улица

Власт и опозиција, Бугари и Македонци – дел ќе стигнат до гробот на Делчев, други ќе останат на улица

Под строги протоколи и со акредитации ќе тече прославата за 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Македонски, но и бугарска делегација ќе оддадат почит на великанот во црквата Свети Спас. Официјалниот настан почнува во 9 часот, кога претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе пред гробот на великанот. Но пред него, во црквата Свети Спас ќе треба да се појави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со делегација од партијата.

dobivaj vesti na viber

Според агендата до која дојде „Макфакс“, Мицкоски ќе биде во Свети Спас во 8:30 минути. По него и Пендаровски, а потоа ќе дојде и собраниската делегација. Неа не ја предводи претседателот Талат Џафери туку потпретседателот Горан Мисоски. Во нејзин состав се и Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ и Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Делегација ќе има и од Владата. Неа ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Во нејзин состав ќе се вицепремиерот Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Засега, не е познато кога делегацијата од Бугарија ќе оддаде почит на гробот на Делчев. Делегацијата ќе ја предводи вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев кој ќе положи свежо цвеќе.

Во изминатите недели, повици за масовно обединување имаше од патриотски здруженија, навивачки групи, политички партии. Пораката која ја испраќаа до јавноста е на масовен одзив за време на оддавањето почит. Меѓу другите, беа и „Комити“, „Тврдокорни“, патриотскиот институт при ВМРО-ДПМНЕ.

Од бугарска страна, фондацијата именувана како „Македонија“, најави дека организира превоз за Бугари кои треба да дојдат до гробот на Делчев. Беа пласирани информации во јавноста дека бројот на пријавени стигнува и над 100 лица. Најава дека ќе дојде во Македонија имаше и од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Сепак, настанот е од висок ризик. Строга контрола има и на границите меѓу Македонија и Бугарија. Ќе се запираат лица како на бугарска, така и на македонска страна.

Вчеравечер, група граѓани застанаа на барикадите до каде беше дозволен пристап, а на улицата која води до црквата Свети Спас. Тие посочија дека се таму за да чуваат ноќна стража.

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев е настан од висок ризик.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер