Утрински Весник
Македонија

Владиниот авион најчесто летал за Будимпешта – Николовски меѓу најчестите патници

Img 8460.jpeg

Релацијата Скопје – Будимпешта е најчесто користена дестинација на владиниот авион во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година, односно откако ВМРО-ДПМНЕ ја формираше Владата, објави телевизија Телма.

Според документите обезбедени од Службата за општи и заеднички работи при Владата, во наведениот период дури седум пати се летало кон главниот град на Унгарија. Меѓу министрите, најчесто во владниот авион се возел министерот за транспорт и врски и заменик-претседател на Владата, Александар Николовски, кој го користел авионот 11 пати, од кои најголем дел летови биле токму за Будимпешта.

Во документите се наведува и случај кога владиниот авион бил испратен на сервис во германскиот град Нирнберг на 12 јануари минатата година, по што продолжил кон Будимпешта, каде го презел Николовски и се вратил во Скопје. Министерот со владиниот авион патувал и во Лондон, Прага и Виена, како и на релацијата Скопје – Истанбул, со меѓуслетување во Охрид. Во дел од делегациите бил и поранешниот вицепремиер за економија Владимир Пешевски.

Повеќе летови од Николовски реализирала само претседателката Гордана Силјановска Давкова, која во истиот период го користела владиниот авион 13 пати. Нејзините патувања опфаќале регионални дестинации како Тиват, Подгорица, Тирана, како и летови до Рим, Истанбул и Копенхаген.

Можете да прочитате

Стотици кичевци без дом, сместени во спортска сала

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро

Мисајловски: Наскоро конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата