Утрински Весник
Економија

Владини функционери признаваат дека пензискиот фонд е загрозен, вели Филипче

Intervju na pretsedatelot na sdsm d r venko filipche 2 scaled.jpeg

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал посочи дека се оствариле предупредувањата на неговата партија дека пензискиот фонд ќе се загрози поради линеарното зголемување на пензиите надвор од законот.

„Предупредувавме и дека линеарното зголемување на пензиите може да ја доведе во ризик стабилноста на пензискиот фонд. Владата не слушаше и сега нивните владини функционери велат пензискиот фонд е во ризик“ порача тој.


Според него, доколку Владата продолжеше со усогласувањето на пензиите, онака како што е предвидено, пензионерите ќе добиеле горе долу исто зголемување, а Фондот ќе функционирал нормално.

Да се следеше системот за раст на пензиите, што ќе изнесуваше отприлика исто како двапати линеарно зголемување, дефицитот во Фондот немаше да биде толку голем и немаше да биде Фондот во ризик, појасни Филипче.

Можете да прочитате

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари