Викарниот епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Давид Дремвитски порача да се запишат имињата на паратениците во македонскиот парламент кои ќе гласаат за закон за родова еднаквост за да Црквата може да ги лиши од венчавки, крштевки, погреби. Тој оценува дека законското решение за родова еднаквост е „израз на најновиот вид анархија, продуцирана директно од државата, бидејќи таа не го слуша гласот на народот“.
Професорката Мирјана Најчевска пак вели дека ова е црковна мафија.
„Ова во духот на христијанството и она нека фрли камен тој кој не грешел и сврти го и другиот образ и сакај го ближниот свој и само Бог казнува и сите сме Божји деца и …
А можеби кога веќе имаме ваква агресивна Црква во Собранието да бидат само некрстени како мене кои не се зависни од црковната мафија“, порача таа на својот фејсбук профил.
Меѓудругото таа се повикува и на статусот на Давид Тасевски психолог и директор на Квир центарот кој искоментира дека има закана само кон пратениците но и и кон поддржувачите на законот.
„Закана само кон пратениците, но не и кон поддржувачите на законот. Пресметката вика дека доколку ја прошират листата, ќе страда бизнисот, а со тоа и доградбата на зградите спроти ГТЦ и возните паркови. МПЦ не дискриминира кога се пари во прашање“, вели тој.
Меѓудругото Најчевска вели дека е антиатеист зошто основно делување на црквата е стравот.
„Затоа што основен модус на делување на црквата е стравот. Црквата промовира страв од голото човечко тело, од човековата сексуалност, од различноста, од еднквоста, од знаењето, од развојот, од побуната, страв од власта и од Бога. Џабе е опаковката наречена љубов. Таа се користи само да ги залаже муштериите“, додава Најчевска.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во 18:00 часот организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.