Утрински Весник
Балкан

Владеачката ХДЗ победила во Хрватска, ама не е задоволна од освоените мандати

Izbori Hrvatska.jpg

Според првите излезни анкети објавени во централниот дневен весник ХРТ, ХДЗ и партнерите освоиле 58 мандати, а СДП со партнерите освоиле 44 мандати. Движењето Татковина и партнерите освоиле 13 мандати, Коалицијата Можемо и партнери со 11 мандати, Мост и партнери има девет мандати, Независна платформа Север – два мандати. Според истата анкета, IDS и партнерите имаат два мандата, а Фокус, Република еден мандат. Државната изборна комисија ќе почне да ги објавува официјалните резултати по 21 часот.  Од ХДЗ не се задоволни од резултатите, велат дека очекувале многу повеќе, објави Индекс.

Можете да прочитате

ЕУ против камионџиите: Следуваат нови блокади на границите?

 Протест во Крагуевац на Денот на српската државност

Меѓународен притисок за изборни реформи во Албанија – ОБСЕ повикува на политички консензус