Владата на Словенија на денешната седница донесе одлука да му предложи на парламентот признавање на Палестина како суверена и независна држава. За ова пратениците ќе одлучуваат на вонредна седница закажана за во вторник. -Оваа порака за признавање не е насочена против никого, дури ни против Израел, туку е порака за мир. Денеска Владата донесе одлука да ја признае државата Палестина како независна и суверена држава. Оваа одлука носи една порака, порака до двете страни дека сакаме итен прекин на конфликтот и ослободување на заложниците, рече премиерот Роберт Голоб. Досега Палестина е призната од 145 земји-членки на ОН, но повеќето од западните земји не се меѓу нив. Во последниот месец Палестина ја признаа седум земји.