Утрински Весник
Македонија

Владата разгледува кризна состојба, греењето ќе се обезбеди со државни резерви на мазут

Vlada.webp.webp

Граѓаните нема да се соочат со прекини во снабдувањето со топлинска енергија, и покрај тоа што Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) побара прогласување кризна состојба. Ова го соопшти министерката за енергетика, Сања Божиновска, на вчерашниот брифинг со новинарите, нагласувајќи дека државата располага со доволни резерви на мазут за да се обезбеди непречено греење.

Барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе биде разгледано на денешната владина седница, на која ќе се дискутира за понатамошните чекори и можните мерки, доколку се оцени дека е потребна дополнителна институционална поддршка.

Според надлежните, целта е навремено и ефикасно справување со предизвиците, без тоа да се одрази врз граѓаните и нивното секојдневие. Министерката Божиновска уверува дека енергетската стабилност и континуитетот на греењето се обезбедени, а мерките ќе бидат насочени кон заштита на јавниот интерес.

Можете да прочитате

Уште денес и утре, понеделник 16-ти март, ќе имаме пролетно време

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите во „Пулс“

Вечерва девојка падна од зграда во Тетово