Утрински Весник
Македонија

Владата одлучи: Заловените крави од Крива Паланка ќе се продаваат на јавен оглас!

Img 9908.jpeg

Владата донесе одлука Агенцијата за храна и ветеринарство да ги продава заловените крави од Крива Паланка преку јавен оглас, на кој ќе можат да се пријават регистрирани кланици и месарници.

Од агенцијата велат дека досега се фатени 84 крави, кои по извршен здравствен преглед ќе бидат понудени на продажба, објави 4news.mk Оваа мерка доаѓа во услови кога, според проценките, во регионот има околу 600 крави кои долго време шетаат без надзор и предизвикуваат материјални штети.


Градоначалникот Сашко Митовски изрази загриженост дека поранешните сопственици ги колат животните и ги продаваат на црниот пазар, што дополнително ја влошува ситуацијата.

Одлуката ќе важи не само за кравите од Крива Паланка, туку и за сите животни што ќе се одземат од неодговорни сопственици согласно Законот за благосостојба на животните.

Целта на мерката е да се спречи понатамошно штетно постапување со животните и да се обезбеди нивна одговорна продажба.

Можете да прочитате

Вечерва мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир

Владата одлучи: Заловените крави од Крива Паланка ќе се продаваат на јавен оглас!

Завршува зимското сметање на времето