Утрински Весник
Спорт

Владата ни кажа: Или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои

Img 7270.jpeg

По промената во раководството на фудбалскиот клуб Вардар, денеска се одржа првата прес-конференција организирана од навивачката група „Комити“. Здружението за промоција на спортски активности „35 години Вардарци Скопје“, кое ги застапува навивачите, побараше смена на актуелното раководство на клубот.

Претставникот на „Комитите“, Милорад Миленковски, изјави дека навивачите на Вардар се доведени до крајна одлука – или да го предадат клубот, или да дозволат Вардар да исчезне. Во овие преговори со новиот сопственик, Атила Бижен Жалили, бил присутен и актуелниот извршен директор Миленко Неделковски, кој имал улога на посредник, а учествувале и представници од Владата.

„Првично одбивме, но на 3 јули си подадовме рака, задржувајќи 15% за да можеме да реагираме ако работите тргнат наопаку. Во разговорите со Владата ни беше јасно кажано: Или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои“, истакна Миленковски.

И покрај тоа што новиот сопственик го презел клубот, „Комити“ потврдуваат дека продолжуваат да бидат глас на Вардар и дека секогаш ќе алармираат за проблемите во клубот. Миленковски додаде дека Вардар моментално има долг од три милиони евра, со значителни задолжувања кон разни институции, вклучувајќи Управата за јавни приходи, плати и други доверители.

Во моментот, Вардар се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 11 бодови од 14 натпревари, и го чека тежок период за опстанок и враќање на поранешната слава на клубот.

Можете да прочитате

„Ти благодариме Рафа“ – тенискиот свет го испрати Надал во пензија

Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл

Албанија испадна во Ц дивизијата, Турција ќе игра бараж за пласман во А дивизијата