Утрински Весник
Македонија

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Sovet Na Javni Obviniteli.webp.webp

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители.

Овој закон претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.

Клучни измени во Предлог-законот:

• Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот.

• Засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието.

• Зајакната транспарентност на работата на Советот, преку јавност на второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци за заштита на лични податоци, угледот на странките и други легитимни интереси.

• Воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот, со кои се гарантира стручност, искуство и интегритет, по пример на новиот Закон за Судскиот совет.

• Детално уредена постапка за разрешување на член на Советот, со прецизирани рокови и јасни критериуми.

Предлог-законот, заедно со Предлог-законот за Јавното обвинителство, добија заедничко позитивно мислење Венецијанската комисија.

Можете да прочитате

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза – за одбраната наодот е по европски стандарди што не важат во земјава

Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Политички мотивиран терористички чин со многу неодговорени прашања

Нападната екипа на Итна помош во Скопје: Медицински тим констатирал смрт кај жена, сопругот и братот се заканувале