Утрински Весник
Македонија

Владата го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Владата го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

dobivaj vesti na viber

Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот.

„Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР, а неговата експертиза оттогаш до денес, кога е во Агенцијата за национална безбедност е во полето на спротивставувањето на насилен екстремизам, заштитата на уставното уредување како и во полето на спротивставувањето со тероризмот.

Милошевски своето професионално доусовршување го спроведува од 1999 година до денес преку учество на повеќе домашни обуки организирани и имплементирани од страна на Единицата за специјални задачи при МВР и Бирото за јавна безбедност при МВР, како и на повеќе обуки во странство организирани и имплементирани од страна на Стејт департментот на САД, Министерството за правда на САД, Министерството за одбрана на САД, Федералното биро за истраги на САД, Дипломатската безбедносна служба на САД, како и Канадската безбедносна и разузнавачка служба“, велат од Владата.

Можете да прочитате

Николоски: Британскиот амбасадор даде одговор – нема да има кампови за мигранти во земјава

ЗИМА ВО МАЈ: Недела (18 мај) ни носи многу ладно утро, ќе има и појава на мраз!

Села откри под кои услови би соработувал со владеачките партии