Утрински Весник
Македонија

Владата донесе одлука за отворање Генерален конзулат во Корча, Албанија

Vlada.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево преку видео на социјалните мрежи информираше дека Владата на денешната седница донела одлука за отворање Генерален конзулат  во Корча, Република Албанија.

„Грижата за Македонците во Албанија не ја покажуваме со зборови, туку со конкретни дела. Македонците од Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана – време е да им се доближиме”, истакна министерот Муцунски.


Тој појасни дека со оваа одлука, македонските државјани кои живеат во овие области ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларни услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски.

„Целиме кон посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис. Ова се конкретни чекори, не празни зборови”, подвлече Муцунски.

Генералниот конзулат ќе има јурисдикција врз подрачјата Корча, Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора, и ќе работи во целосна координација со Амбасадата во Тирана. Неговите клучни надлежности ќе опфаќаат обезбедување конзуларни услуги, економска и културна промоција, како и унапредување на билатералната соработка во поширокиот регион.

Можете да прочитате

Трендафилов: Работници беа под силни притисоци и закани за да не излезат на протест

Маричиќ со свечена заклетва го презеде мандатот како претседател на ДИК

Парламентарното собрание на Советот на Европа со одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија