Утрински Весник
Македонија

Владата донесе нови препораки поради топлотниот бран во Македонија

Toplo Vreme.png

Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни препораки.

Од Институтот за јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од утре (среда, 19.06.) до недела (23.06) територијата на цела држава ќе биде зафатена од топлотен бран – портокалова фаза, со што ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Согласно ова, на предлог на Министерството за здравство се донесени следните заклучоци за периодот од 19 до 23 јуни за целата територија на државата:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, поточно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;
2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
3. Единиците на локалната самоуправа, Црвен крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;
4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Можете да прочитате

ЦУК: Планинар кој паднал во провалија се здобил со тешки повреди на главата, со хеликоптер е пренесен до ГОБ “8-ми Септември” каде е констатирана смрт

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Јанчев: Субвенциите и водоснабдувањето – проблем за кавадаречките земјоделци