Утрински Весник
Македонија

Влада: Прв пат по седум години обезбедена навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

Vlada 800x445 1.png

Владата утрово соопшти дека прв пат по седум години е обезбедена навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта.

Според Владата, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени.

-Суштинска определба на Владата е образованието да биде достапно за секого. Една од заложбите беше по повеќе години да се обезбеди навремено печатење и дистрибуција на бесплатни учебници за сите основци. Оваа година се става крај на учењето од скрипти и други помагала. Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. За сите ученици Министерството за образование и наука испорача 360 илјади примероци од одобрените учебници и наставни материјали. За само два месеци се постигна тоа што не беше направено седум години, наведува Владата.

Дополнува и дека во основното образование ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение зашто претходното раководство во Министерството за образование и наука ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која сé уште трае.

-Учебниците за секого е доказ дека на овој начин државата и Владата создава за секој еден поединец, истакнува Владата.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош