Утрински Весник
Македонија

Влада: Ги отфрламе изнесените невистини и обиди за манипулација од страна на СДСМ и Левица за јавна набавка за изнајмување опрема за симултан превод и аудио и видео поддршка на настани

Vlada 800x445 1.png

Соопштение на Влада на Република Северна Македонија:

Во врска со најновите инсинуации и конструктивни лаги пласирани во јавниот простор од страна на СДСМ и Левица, Владата со најсилна индигнација ги отфрла изнесените невистини и обиди за манипулација на граѓаните.
Ова претставува уште еден доказ за безидејноста и политичката немоќ на овие партии кои наместо да понудат решенија за реалните проблеми на народот, се занимаваат со фабрикување лажни афери и деструктивни наративи.
Дополнително, фактот што политичките партии СДСМ и Левица синхронизирано коалициски манипулираат докажува дека сакаат да направат сензација од тема која е ништо повеќе од тековно работење на Владата.


А фактите се јасни, проверливи и непобитни. Станува збор за јавна набавка која со години наназад се спроведува, разликата е што денес се спроведува во согласност со законските процедури и принципите на јавна транспарентност.
Набавката е склучена за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио и видео поддршка на настани во внатрешен и надворешен простор на временски период од две години, што значи дека исплатата ќе се врши исклучиво врз основа на реализацијата, а не однапред фиксирана сума.

За споредба, во 2023 година Владата на СДСМ и ДУИ склучила договор на ист временски период во вредност од 30.000.000 денари без ДДВ, и тоа без рамковна спогодба, со што обврската кон буџетот била однапред целосно преземена.
Ова се факти кои го разобличуваат лицемерието и двојните стандарди на оние кои денес се обидуваат да креираат афера таму каде што ја нема.

Јавноста треба да знае дека денес транспарентноста и отчетноста се единственото начело на работа на Владата.
Нема повеќе тајни зделки, тендери зад затворени врати и договори „во четири очи”, што беа белег на владеењето на СДСМ и ДУИ.

Денес сè е ставено на увид на граѓаните и на институциите. Како Влада нема да дозволиме дезинформациите и политичките конструкции да ја засенат вистината. Нашата обврска е пред граѓаните за чесна, транспарентна и одговорна власт која не се крие зад манипулации, туку се соочува со реалноста и нуди решенија.

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ