Утрински Весник
Македонија

Влада: Афрона Веризволи утре ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите

20240810131950 Big 730x400 38.webp.webp

Назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите, информираат од Владата.

– Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра, брифираат од Владата.

Оттаму наведуваат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат „како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби“.

– Одговорност ќе има, се наведува во информацијата од Влада.

Медиумите денеска објавија дека ЕУ ќе испитува дали Владата поставила несоодветна главна ревизорка за Европските фондови и дека не се знае дали новоименуваната Афрона Вервизоли воопшто има лиценца за ревизор.

Можете да прочитате

СДСМ: Да се донесе новиот Закон за градење и стопира постапката за измена на членови од Законот за урбанистичко планирање

Полицијата трага по 18-момче од Куманово

Ангелов: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати