Утрински Весник
Македонија

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

Izbori 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вкупно 165 болни и немоќни лица гласаа денеска во Неготино, од вкупно 175 пријавени за втор круг претседателски и парламентарните избори, информираше вечерва Елизабета Камчева, претседателка на кавадаречката општинска изборна комисија. 

– Гласаа 71 маж и 94 жени,  11 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева. 

Согласно законот, овие лица гласаа денеска, ден пред изборите што ќе се одржат во текот на утрешниот ден. 

Во Демир Капија, 66 лица беа пријавени за гласање во текот на денешниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК. 

Можете да прочитате

Жена измамена за 12100 евра со лажно посредување за купување куќа во Тетово

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови

МВР со детали за случајот со двегодишното дете повредено на новогодишната ноќ