Утрински Весник
Економија

Вкупната трговска размена лани 19,5 милијарди евра – извозот зголемен за 2,9, а увозот за 4,4 отсто

Port.webp.webp

Вкупната трговска размена во периодот јануари – декември 2025 година изнесува 19.553,6 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот на стоки достигнал 8.008,2 милиони евра и бележи пораст од 2,9 отсто во однос на истиот период лани, а увозот 11.545,4 милиони евра или 4,4 проценти повеќе.

Во периодот јануари – декември 2025 година, според вкупниот обем на размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,8 отсто во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,9 проценти во вкупната размена.

Трговската размена по производи, според Стандардната меѓународна трговска класификација, покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најзастапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица. 

Можете да прочитате

Нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

ОАЕ ги зголеми цените на бензинот и дизел горивото

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми