Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВИСТИНСКАТА ПРОЛЕТ ДОПРВА ДОАЃА: Во следните денови топло и без негативни утрински температури!

431282451 7498705953543450 907432816447606424 n.png
Img 7972

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во следните денови, односно до самиот крај на оваа недела ќе имаме едно типично пролетно време. Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.

Повремено и локално ќе има послаби врнежи од дожд, особено во недела. Утре, Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северозападен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со засилување на ветерот од северозападен правец во текот на утрешниот ден.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат над нулата, освен на повисоките и планинските места каде ќе се спуштаат само за некој степен под нулата.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Според моменталните прогностички анализи со кој располагаме, следната седмица ќе биде уште потопла и тогаш температурите понекаде ќе надминуваат и 20 степени.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја