Утрински Весник
Македонија

Вистинска есен: Циклон од Џенова ни носи многу врнежи и големо заладување!

Meteoalarm.mk 60 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во петок (26 септември) како и за време на викендот, но и во почетокот на следната седмица времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно облачно, многу посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи.


Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде претежно облачно и многу посвежо со врнежи од дожд, повремено обилни и поројни и проследени со ретки грмежи. И во Скопскиот регион ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Токму ова ќе придонесе конечно за намалување на интензитетот на сушата која подолго време владее во најголем дел од нашата Македонија.

Поради продор на многу поладен воздух од североисток и од исток температурите во погоре споменатиот период ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени. Во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се  искачува до околу 16/17 степени.

Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени.

Поради заладувањето, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) да ги имаме  и првите врнежи од снег за оваа сезона.

Се на се, веќе од викендов ќе имаме вистинско есенско време, многу свежо и со чести и обилни врнежи кои како што кажав ќе придонесат значително намалување на сушата во нашата Македонија. Температурите кои ќе ги имаме викендов и во почетокот на следната седмица ќе бидат значително потпросечни за самиот крај на месец септември.

Можете да прочитате

Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, а тој ја игнорирал

Учебната година не започнала во воспитно-поправниот дом „Тетово“, МОН ги игнорира укажувањата на Народниот правобранител

Промовиран електронски систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови