Утрински Весник
Свет

Високата израелска делегација го откажа патувањето во Америка

Izrael 1.jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа планираната посета на делегација на високо ниво во Вашингтон, откако Соединетите Држави се воздржаа од вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, поддржана од Русија и Кина, која повикува на прекин на огнот без условување за ослободување на заложниците.

Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер се вели дека Америка со оваа одлука им штети на воените напори и обидите за ослободување на заложниците и се нагласува дека ова е „јасно повлекување од конзистентниот став на Обединетите Држави во Советот за безбедност од почетокот на војната“, што „му дава надеж на Хамас дека ќе изврши меѓународен притисок да им дозволи да постигнат прекин на огнот без ослободување на заложниците“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Белата куќа соопшти дека не добиле никакво известување за промената на плановите за посетата на израелската висока делегација.

Можете да прочитате

Осум лица загинаа во пад на хеликоптер во Индонезија

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години