Утрински Весник
Македонија

Висока делегација на Вооружените сили на Романија во официјална посета на македонската Армија

Arm.webp.webp

Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.

По пречекот со високи воени почести делегацијата од Романија ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски.


Главни теми на средбата ќе бидат: процесот на трансформација на Армијата, учество на Армијата во меѓународни мисии, капацитетите за обука и вежби на армискиот полигон „Криволак”, можноста за билатерална соработка од областа на силите за специјални операции, заемна поддршка при исполнување на НАТО целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и други теми за унапредување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии.

За време на посетата генералот Влад ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Можете да прочитате

Приведена кавадарчанка, со остар предмет му нанела повреди на сопругот

Кривична за четири лица за грабнување на 23-годишна девојка во Струга

Понеделник 26 Јануари 2026 носи обилни дождови и локално невреме