Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“

Image 2025 10 12 104415591.png
300x250 opst2

Слем-поетот Виктор Спасески од Прилеп е победник на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“, кое од 9 до 12 октомври по 15. пат се одржува во Прилеп.

За првпат на финалната вечер имаше тројцапласирани со ист број поени, па слем-поетите мораа да настапат уште еднаш за жири-комисијата одново да гласа.


Горазд Китановки – Кени и Валерија Дамчевска беа другите двајца кандидати во тесна конкуренција за првото место.

Виктор Спасески минатите две години двапати влезе во најтесна конкуренција за првото место на фестивалскиот слем.

Спасески следната година ќе биде иден претставник на Македонија на Европското слем-првенство.

За титулата национален претставник се натпреваруваа дваесетина учесници и учеснички на различни возрасти и со уникатни стилови на изразување и творење, кои доаѓаат од цела Македонија, вклучително и од градовите Скопје, Прилеп, Битола, Куманово, Охрид и Велес.

Последната вечер ја одбележа и специјалниот гостин од Белгија, Кевин Амсе, кој настапи во рамки на интернационалната програма. Слемерот Кевин Амсе, кој неколку години по ред бил финалист на Белгиското слем-првенство, настапи на фламански и холандски јазик, а публиката имаше можност да се запознае со неговите стихови благодарение на препевот на македонски на Ели Пујовска и на фондацијата „Фландерс Литрача“. Стихобите на македонски јазик ги интерпретираше Игор Трпчески.

Вечерта се заокружи со концерт на македонскиот состав „Пијан Славеј“. 

Во текот на вчерашниот ден се одржаа и две промоции на книги, едната „Ние сме Ева“ на Оливера Андоноска, а другата промоција беше на збирката поезија „Небо трето“ на Ѓоко Здравески.

Вчера, исто така, се одржа и работилница и промоција на „Еден маж и една жена, или како љубовта раздвојува светови. Интерактивна збирка поезија за креативно читање и пишување“ со Елена Пренџова.

Денес е последниот фестивалски ден на кој учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, каде што потоа ќе се одржи и поетско читање.

Во рамки на годинешниот „Поетски слем Македонија“ објавени и презентирани се две книги: Збирка поезија – „15 години Поетски Слем Македонија“ и „Избор слем поезија“ од Кевин Амсе од Белгија, во препев на Ели Пујовска.

Дизајнот е на Владимир Лукаш.

Литературната манифестација „Поетски слем Македонија“ е во организација на Театарска работилница – Прилеп.

Можете да прочитате

Загина 26-годишник од гостиварско Форино, со возилото излетал од патот

Соседска расправија за канта за ѓубре во Виена заврши со тепачка, закани со нож и апсење на државјанин на Македонија

Приведени лихвар и неговата сопруга од Неготино, физички нападнале должник и двајца полициски службеници