Утрински Весник
Спорт

Виктор Осимен е новата голема ѕвезда што треба да дојде во Париз

Виктор Осимен е новата голема ѕвезда што треба да дојде во Париз

Францускиот првак Пари Сен Жермен доживеа елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите, а спортскиот директор на тимот Луис Кампос веќе напорно работи на изборот на засилувања за следната сезона.

dobivaj vesti na viber

На „Паркот на принцовите“ се очекува да има големи промени претстојното лето. Клубот сака да се раздели со Нејмар, сѐ уште е неизвесно дали ќе остане и Лионел Меси, а и Килијан Мбапе е незадоволен од резултатите на „светците“.

ПСЖ го „пикираше“ Виктор Осимен како нова ѕвезда за нивната летна селекција. Напаѓачот има извонредна сезона со тимот на Наполи и досега има постигнато 21 гол и четири асистенции на 26 натпревари во сите натпреварувања.

Во последните неколку дена во Париз бил одржан состанок меѓу агентот на Виктор Осимен и претставниците на ПСЖ, на кој клубот изразил голема желба, но и финансиска подготвеност да го реализира неговиот трансфер од Наполи.

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали