Утрински Весник
Македонија

Викендов сончево време, од утре вечер повторно дожд

Викендов сончево време, од утре вечер повторно дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе се движи од 22 до 29 степени. УВ=6

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне 26 степени.

Денеска ќе има стабилизирање на времето, а утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.

В понеделник претпладне се уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Можете да прочитате

Уапсени четворица државјани на Турција во Скопје, пронајдена дрога и оружје

СДСМ: Не допира гласот до Обивнителство за криминалните тендери на власта

Костадиновска-Стојчевска: Извештајот за пост-мониторингот е слика на нашите 25-годишни реформи