Утрински Весник
Македонија

Викендов со пониски температури и со северен ветер, но и со повеќе сонце!

Meteoalarm.mk 11.png

Денес (сабота) како и утре (недела) поради продор на малку посвежа воздушна маса од север, во Македонија ќе има опаѓање на температурите за околу 5 степени за разлика од оние кои ги имавме до вчера. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

Денес, особено Долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопскиот регион, исто така денес (сабота), како и утре (недела) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Денес (сабота) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.  Максималната дневна температура во овие два дена ќе се искачува до околу 24 степени.

Утринските температури исто така ќе бидат пониски, особено утре (недела) кога ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени

Можете да прочитате

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Ивановска: 170 жртви во Македонија од трагедии се силен повик за будење – народот мора да ја подигне свеста

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога