Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Викендов меѓународен ридско брзински натпревар FIA-CEZ PONIKVA 2023

Викендов меѓународен ридско брзински натпревар FIA-CEZ PONIKVA 2023
Img 7972

Автомобилистичката Федерација на Македонија и техничкиот организатор Авто Клуб ПЕРФОРМАНС овој викенд ќе го организираат 33-от традиционален меѓународен натпревар, кој се бодува за FIA-CEZ шампионатот и воедно за домашниот шампионат на ридско брзинските натпревари ПОНИКВА 2023.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот ќе се одржи на регионалниот пат од Кочани поточно на 1,5 км од раскрсницата на село Бејли со старт на натпреварот поточно од местото викано Губриште кон планинскиот рекреативен центар Пониква, а со цел на местото викано Пашаџамина шума.

Патеката е во должина од 5,3км и на неа ќе настапат 30-тина возила меѓу кои ќе настапат и возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Полска.

Oрганизатор на трката е Авто-клубот Перформанс, формалностите пред и после трката ќе се одржат во кругот на Здружението на возачите на Кочани со следниот распоред:

Петок 21. 07. 2023 Верификација и технички преглед на возилата од 18:00 до 22:00 час.

Сабота, 22. 07.2023 во 07:30 часот – затворање на патеката

09:00 часот неофицијален тренинг, а 30 минути по завршување ќе се вози официјалниот тренинг.

Недела, 23.07. 2023 во 07:30 часот затворање на патеката

09:00 часот – официјален старт на првата трката, а 30 минути по завршувањето на првата трката ќе се вози втората трка.

Конечните резултати и прогласувањето на победниците ќе се одржи во кругот на Здружението на Возачите –Кочани.

Можете да прочитате

Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Променливо облачно со повремен локален дожд

Кампањата за локалните избори влегува во втората недела