Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Викендов ладно, особено наутро и со појава на мраз!

Meteoalarm.mk 3.png
Img 7972

Територијата на нашата Република Македонија и викендов ќе се наоѓа под влијание на ладната воздушна маса од североисток, односно од Русија и таа повеќе ќе ја чувствуваме во ноќните и во утринските часови кога ќе биде значително ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, тоа значи дека на повеќе места ќе има појава на слаб мраз и на слана. Максималните дневни температури ќе бидат во мал пораст и денес ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, а утре (недела 5 октомври) тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта и под 5 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 17 степени.


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а повеќе сонце ќе имаме утре (недела 5 октомври).

Ќе дува слаб до умерен ветер денес претежно од северен правец а утре (недела 5 октомври) ветерот ќе биде од јужен правец.

Поради ладното време особено наутро, ве советувам со себе да си понесете потопла облека и тоа како ќе ни биде потребна особено како што веќе напоменав во ноќните и во утринските часови.

Можете да прочитате

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта