Утрински Весник
Политички Партии

Викендов ќе се одржи меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин опен 2023“

Викендов ќе се одржи меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин опен 2023“

Викендов Берово ќе биде епицентарот на спортските случувања. Од први до трети сетпември во ова мало малешевско гратче продолжува традицијата позната како Меѓународен турнир во пинг понг- Зегин Опен.

dobivaj vesti na viber

Берово во поновата спортска историја на Македонија јасно се етаблира како центар на пинг понгот во Македонија.

Сепак најсјајниот дијамант во круната на случувањата во пинг понгот во Берово е одржувањето на меѓународниот пинг понгарски турнир Зегин Опен.

Минатата година Зегин Опен се одржа за прв пат, но турнирот уште на своето прво одржување стана своевидна атракција на балканскит простори. Изјавата на минатогодишниот победник во Апсолутна категорија дека тоа е најдобро организираниот турнир на којшто учествувал, беше само поттик за организаторите Зегин Опен 2023 да биде подобро организиран.

За разлика од минатата година кога на турнирот натпреварите беа организирани во два дена и натпреварувачите се натпреваруваа во четири категори, оваа година ќе има натпревари во десет категории.

Натпреварите од турнирот ќе бидат пренесувани во живо на You Tube на официјалниот канал на турнирот

Зегин Опен оваа година го привлече вниманието на повеќе од 130 натпреварувачи од единаесет држави. За Зегин Опен се слушна и подалеку од границите на Европа. Со своето учество на натпреварувач од Аргентина турнирот само ја потврдува својата атрактивност која ги надминува локалните и регионалните рамки на пингпонгарските натпреварувања на сличните натпреварувања.

Наградниот фонд е двојно зголемен за разлика од минатата година, благодарение на единствениот спонзор на турнирот, компанијата Зегин.

Зегин опен и понатаму останува приказна која се случува еднаш во годината а се прераскажува до следниот Зегин Опен кој секогаш ќе биде подобар од претходниот.

(ПР)

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт