Утрински Весник
Македонија

Викендов ќе имаме значително свежо и врнежливо време

Meteoalarm.mk 4.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова  и на влажни воздушни бранови кои се поврзани со истата за време на викендов времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.


И во Скопје  и околината викендов ќе имаме слично време, тоа значи претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Локално пак викендов ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).

Температурите ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и тоа за околу па дури и за повеќе од 10 степени и максималните дневни температури на воздухот викендов ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје  и околината температурата викендов ќе се искачува до околу 16/17 степени.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот Колумбија во Њујорк во рамки на Светскиот лидерски форум

Во Кочани денеска ќе се одржи 24. „Марш за ангелите“

Николовски: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила