Утрински Весник
Македонија

Викендов ќе дува силен северен ветер (над 70 км/час)!

Meteoalarm.mk 72.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на стабилна  и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.


И во Скопје  и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните  и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени.

Можете да прочитате

ДУИ предлага ваучер од 3.000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење

 Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

Тешко повреден пешак во Куманово