Утрински Весник
Македонија

Викендов ќе биде студен, локално ќе провејува и снег

Meteoalarm.mk 57.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на релативно ладна воздушна маса која од север се спушта кон нашата Македонија за време на викендов времето кај нас ќе биде променливо облачно и релативно ладно со сончеви периоди и со повремено и локално провејување на снег на планините над 1000 метри надморска височина. Слабо провејување на снег повремено ќе има  и на местата со надморска височина од под 1000 метри особено во западните  и во северните предели од нашата Македонија. Тоа значи дека слабо провејување на снег викендов ќе имаме локално и во повисоките населени места. Повремено ќе засилува ветер од северен правец.

Во Скопје  и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. На околните планини ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени а преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени а во Скопје  и околината температурата наутро ќе се спушта до околу 3 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 8 степени.

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец