Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени

Download 12 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

По циклонската активност со центар над Медитеранот, која на многу места низ Македонија ќе донесе врнежи, грмежи и локално невреме, следува поголемо освежување на времето и потпросечни температури на воздухот.

За време на викендот кој што доаѓа условите за нестабилност значително ќе се намалат, но наутро температурите ќе бидат многу пониски за разлика од сега. Тие ќе се спуштаат во интервалот дури од 3 до 9 степени. На високите планини на запад и на северозапад од државава тие ќе се спуштат и до околу 0 степени, со што е можна појава и на слаб мраз.

Најава за некое поголемо затоплување на времето, но и за летни температури засега нема на повидок

Можете да прочитате

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор