Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Сончев, пролетно топол и сув викенд – Услови за краткотрајна нестабилност претежно во планинските предели

Download 6.jpg
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на овој викенд, како што наведовме и вчера, не очекува претежно стабилно, суво и пролетно топло време, со многу сонце. Сепак ќе има и мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Сепак утре во попладневните часови, и претежно во планинските предели ќе има услови за краткотрајна и локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината исто така овој викенд ќе помине во знакот на претежно стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени во текот на утрешниот ден, а уште потопло ќе биде во недела, и тогаш максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. Во Скопскиот регион овој викенд температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 21 и 24 степени. Почитувани наши, овој викенд можете слободно да го искористите за прошетка во природа, како и за правење на скара во природа

Можете да прочитате

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев” и избега