Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Само за на скара и прошетка во природа – Температури до околу 25 степени!

Meteoalarm.mk 12.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на овој викенд (сабота 8 март и недела 9 март) продолжува вистинското пролетно време, со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.


Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека во Повардарието температурите се очекува да се искачат  и до околу 25 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време, а тоа е сончево и натпросечно топло со мала локална облачност  и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата се очекува да се искачи до близу 25 степени.

Ваквото време е поради влијанието на топлата воздушна маса која од југ продира кон нашата Македонија и целиот регион.

Ваквото време кое го очекуваме овој викенд, можете да го искористете за прошетка или за правење скара во природа  и за уживање.

Можете да прочитате

Нови правила за онлајн медиумите – регистрација во АВМУ за поголема професионалност

Поткаст ЗРАК: Квалитетната и здрава храна помага за полесно поднесување на зрачната и хемотерапијата

Ристеска во поткаст ЗРАК: Храната на нашиот пазар, не е со ист квалитет како во земјите на ЕУ