Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Пролетно топло, иако со променлива облачност, и со по некоја капка дожд!

Ef0d9390 6c87 42e3 B137 6cfb2a3eed45.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Овој викенд како што и најавивме продолжуваат пролетните температури на воздухот. Тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Наутро пак температурите речиси насека остануваат над нулата, што значи не постојат услови за појава на утрински мразеви.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, иако утре локално ќе биде и позначително облачно. Ќе има услови и за сосема слаби локални врнежи од дожд (ништо сериозно не се очекува).

Што се однесува до ветерот, утре тој ќе биде со слаб до умерен интензитет и од јужен правец, додека во недела ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време со температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност