Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Ќе продолжи многу ладниот бран, во недела услови за слаб снег!

Meteoalarm.mk 47 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на овој викенд продолжува многу ладното време во нашата Република Македонија, кој особено ќе го чувствуваме во ноќните  и во утринските часови, кога температурите ќе бидат многу ниски и насекаде ќе се спуштаат под нулата.


На многу места температурите во ноќните  и во утринските часови овој викенд ќе се спуштаат до близу -10 степени, во делови од Македонија  и под -10 степени, а особено во Беровскиот регион, како и на високите места и планините, како и на Скијачките центри тие ќе се спуштаат до околу -15 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме исто така многу ладно време, особено наутро со температура до околу или под -5 степени. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Сепак, во недела ќе имаме повеќе облачност над Македонија, па така оваа облачност особено во источните предели ќе услови слабо и локално провејување на снег, особено во повисоките населени места, како и на планините.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат