Утрински Весник
Македонија

Вие бевте министерката која нѐ направи загубари, ѝ рече Љутков на Стојчевска на прашањето за платите во културата

Zoran ljutkov.png

Ексминистерката Бисера Костадиновска-Стојчевска го праша сегашниот министер за култура и туризам, Зоран Љутков, дали и сега мисли дека колективниот договор е незанкоски, но и дали поради негово отсуство од Македонија платите за вработените во културата не се исплатени на време. Тој рече дека бил во Македонија и дека не бегал.

Можеби вас ќе ви биде прв и последен пат што поставувате прашање, ама јас постојано ќе ве потсетувам за поморот кој го оставивте во културата. Никогаш не сум рекол, иако сум бил и член на СКРМ, дека овој колективен договор е незаконски. Секогаш сум кажувал дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Го потпишал министер кој поима немал што потпишува и не знаел дека ќе нѐ донесе до момент да земаме 90 отсто плати, 10 отсто програмски активности. А кога нема поддршка од Министерството за финансии, средствата треба сами да си ги обезбедиме“, рече Љутков.


Тој рече дека претходно се крателе пари од програми, за да има за плати.

„За првпат не скративме од програмските активности, а институциите продолжија да работат, првпат по потпишување на колективниот договор. И во 2025 година го предвидовме истото, по оваа пресметка, нема да се крати од програмите и ќе има плус од 40 отсто во некои институции. Кога некој ги решава проблемите, тоа не ви се допаѓа, оти по седум години првпат почнавме со реформи. Вие бевте министерката која нѐ направи загубари. Фелата не коментираше за ништо друго, вие од партиска говорница коментиравте. За поединците и неработниците нема да зборувам. Кога почнуваме да работиме за вас има проблем“, додаде Љутков и најави нов колективен договор.

Реплицираше Костадиновска-Стојчевска.

„Нема да одговарам на вашите навреди, ги слушнавте реакциите. И рековте на Сања дека ‘дрндупка културата’. На ребаланс парите кои ги добивте за инспекторатот за македонски јазик не ги употребивте, џабе имате директорка. Лани ја имавте најголемата програма и ја завршивте годината, и со мојот буџет ја завршивте годината. Мило ми е што од вас слушнав, тој што го потпишал не знаел што потпишува, на штета е на културата и е недоречен. Зборувате за долгови, а кажете ми ги имавте на завршна сметка? Не. Од програма никогаш не се кратело во култура. Можете да споредите. Вие на сам почеток рековте дека културата треба да институционална, дека независната сцена треба да биде тргната настрана. Ако за вас најголема реформа е продажбата на културното наследство, жалам!“, рече таа.

Можете да прочитате

40 години чекање за ништо, милиони евра фрлени за џабе – болницата во Кичево нема да се заврши, ќе се гради нова на друга локација

Приведена е претседателката на Антикорупциска комисија, Татјана Димитровска

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Зошто навреме не ги пресметавте платите за вработените?