Утрински Весник
Свет

(Видео) „Жив сум и здрав“- се огласи Кадиров за гласините дека е тешко болен

(Видео) „Жив сум и здрав“- се огласи Кадиров за гласините дека е тешко болен

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров ги коментираше гласините кои во изминатите два дена се проширија на различни канали на Телеграм за неговата тешка болест, па дури и за неговата смрт.

dobivaj vesti na viber

– Слава му на Семоќниот, жив сум и здрав – напиша тој на својот канал на „Телеграм“, каде што објави видео од посетата на својот болен вујко во Москва во Централната клиничка болница.

Додаде дека не разбира зошто, дури и навистина да е болен, треба да се прави врева околу тоа.

Кадиров исто така истакна дека сега јавноста знае кои медиуми и кои лица отворено ги лажат своите читатели.

Можете да прочитате

Пакистански воздушни напади врз Кабул и други авганистански провинции

Заврши испитувањето на Хилари Клинтон во истрагата на Претставничкиот дом на САД за Епстин

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ