Во рускиот ракетен напад врз градот Лавов, во западна Украина, загинаа најмалку три лица, а спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда, изјави локалниот градоначалник.
„Три лица загинаа“, рече градоначалникот Андриј Садови во објавата на неговиот канал на Телеграм. Тој додаде дека улицата ќе остане затворена се додека итната помош не ги „исчисти остатоците и ги извлече сите мртви“.
This was my home. Before the russian missile. Killed two neighbours. Recording video while escaping through my window#lviv pic.twitter.com/GDNxUWaStZ
— Ігор Кевін (@IhorKevin) July 6, 2023
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавуваат информации за зголемување на бројот на загинати, но тоа се уште не е потврдено.
Russia hit a residential building in Lviv. It is thousands of kilometers from the front line. А terrorist country fires missiles at the houses of ordinary Ukrainians in any part of our country. It’s not just a war, it’s genocide. pic.twitter.com/VqRl6y2FOg
— Oleksiy Goncharenko (@GoncharenkoUa) July 6, 2023
Садови во претходна објава рече дека осум лица се ранети, но не е јасно дали таа бројка ги вклучува и тројцата загинати. Тој рече дека се оштетени околу 60 станови и 50 автомобили. Регионалниот гувернер Максим Козицки објави видео од 13 секунди на кое се гледа голема четирикатна станбена зграда со делови од горните катови исчезнати или во урнатини.
📍#Lviv, the most vicious attack on the civil infrastructure since the beginning of the full-scale war.
4 dead, 9 wounded so far. The rescue operation continues. pic.twitter.com/T6gOpRYLKj
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) July 6, 2023
Најавите на официјалните лица уследија по широко распространети воздушни предупредувања низ Украина и извештаи за крстосувачки ракети кои влегле во украинскиот воздушен простор. Садови пријавил серија експлозии во градот.