
Голем пожар избувна во индустриската зона Фуџаира ОИЛ во Обединетите Арапски Емирати откако објектот беше цел на напад со беспилотни летала, објави медиумската канцеларија на Фуџаира, додавајќи дека нема повредени.
„Тимовите за цивилна заштита во емиратот веднаш реагираа и продолжуваат со напорите да го стават под контрола“, се вели во соопштението.
Пристаништето Фуџаира е клучен нафтен центар на ОАЕ и единственото што го заобиколува практично затворениот Ормутски Проток. Според податоците од Кплер, објавени од Ројтерс, Фуџаира минатата година извезувала просечно повеќе од 1,7 милиони барели сурова нафта и рафинирани горива дневно, околу 1,7 проценти од дневната глобална побарувачка.
Aftermath of Iranian drone attacks in Fujairah, United Arab Emirates. pic.twitter.com/GjogYiHLbh
— Clash Report (@clashreport) March 16, 2026
Овој пожар се случува откако некои операции во пристаништето Фуџаира веќе беа прекинати од напад со беспилотно летало и пожар во саботата, според извештаите на Ројтерс и Блумберг.
Иранската војска претходно предупреди дека ќе ги таргетира пристаништата во ОАЕ како одмазда за нападот врз островот Харг, за кој иранските власти тврдеа дека бил лансиран од територијата на ОАЕ.

