Утрински Весник
Свет

(Видео) Жена со две деца спасена од урнатините по 228 часа

(Видео) Жена со две деца спасена од урнатините по 228 часа

Со натчовечки напори на спасувачките и волонтерски тимови кои деноноќно ги пребаруваат урнатите згради во подрачјата погодени од земјотресот, и денеска се спасени неколку животи, пишуваат локалните медиуми. По 77-годишната жена, која беше спасена по повеќе од 220 часа под урнатините, светлината на денот ја видоа и мајката и двете деца.

dobivaj vesti na viber

Збунетата жена ги прашала своите спасувачи „Кој ден е денес? откако таа и нејзините две деца беа извлечени од урнатините во Антакија 228 часа по разорниот земјотрес, а локалните медиуми спасувањето го нарекоа чудо.

Членот на спасувачката екипа Мехмет Ериилмаз го опиша моментот кога ги нашле мајката и нејзините две деца и ги извлекле на слобода.

„Мајката беше среќна што нè виде. Прво ја држев за рака. Разговаравме и ја смиривме“, изјави тој за „Анадолија“, додавајќи дека мајката прво побарала вода, но дека поради околностите не смееле да направат ништо без интервенција на првата помош. Потоа ги прашала своите спасители: „Кој ден е денес?

Спасената жена се вика Ела и има две деца, девојче и момче, кои заедно со неа биле извлечени од урнатините. „Анадолија“ извести дека се работи за странска државјанка, но не ја наведоа нејзината националност.

Претходно, тимови во јужна Турција соопштија дека сè уште може да ги слушнат гласовите на преживеаните заробени во урнатините.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking