Утрински Весник
Свет

(Видео) Жена го задавила па го обезглавила љубовникот, подоцна го нападнала и својот адвокат пред судот

(Видео) Жена го задавила па го обезглавила љубовникот, подоцна го нападнала и својот адвокат пред судот

Жена обвинета за обезглавување на својот љубовник, откако го задавила за време на секс со дрога, го нападнала својот адвокат пред судот во вторникот, пренесуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

Тејлор Шабизнис (25) го нападна својот адвокат Квин Џоли околу 8 часот и 48 минути во судница во Гринбеј, Висконсин, и изгледаше како да го удри со лактот во главата.

Сепак адвокатот, најверојатно не се здобил со посериозни повреди, пишуваат медиумите.

Кавгата, наводно, настанала откако сведокот не се појавил да сведочи за психичката состојба на Шабизнис.

Таа е обвинета за убиство од прв степен, осакатување и сексуален напад од трет степен, откако мајката на жртвата ја открила отсечената глава на нејзиниот син во кофа, покриена со крпа, во нејзиниот дом.

Според полицијата, Шабизнис признала дека извршила орален секс и користела секс играчка на нејзината жртва, Шад Рок Тирион, откако тој починал. Таа се изјаснила за невина поради ментална болест.

Имаше извештаи дека Шабизнис е разумна, но одбраната ангажирала и друг експерт за да го спроведе прегледот. Сепак, неговиот извештај не е целосен, изјави во вторникот адвокатот на одбраната Квин Џоли. За тоа сведочење побара уште две недели.

Судијата Томас Волш се согласи да го одложи судењето. Шабизнис потоа го нападна Џоли, а полицаецот ја собори на земја.

Одложеното надлежно рочиште – кое требаше да се одржи денеска, е закажано за 6 март. Судијата предложи судењето да биде на 15 мај.

Изворите, како што пишуваат медиумите, велат дека таа го задавила Тирион во домот во Грин Беј, сексуално го нападнала и му го распарчила телото, оставајќи делови од телото низ целата куќа и во возилото.

Кога детективите го пребарале домот, тие рекле дека пронашле делови од телото во кеси, кутии или контејнери за складирање во подрумот. Пронашле и неколку кујнски ножеви.

Медицинскиот вештак рече дека жртвата умрела од задушување за време на, како што им рекол Шабизнис, сексуален однос.

Шабизнис беше уапсена минатата година откако мајката на Шад Рок Тирион ја пронашла неговата отсечена глава во канта во нејзиниот подрум.

Подоцна полицијата ја пронашла Шабизнис облеана во крвава облека, со гребаници и исекотини на рацете.

„Проклета глава. Не ми се верува дека ја оставив главата“ – рекла таа, а потоа им рекла на полицајците дека ќе се „забавуваат“ додека му ги бараат сите органи.

Шабизнис раскажала како седнала врз него, го задушувала додека легнал со лицето надолу на креветот и како го гледала како кашла крв и „чека да умре“, пренесува „Дејли Мејл“.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња