Утрински Весник
Свет

(Видео) Затвор во Норвешка нема решетки и изгледа како луксузен хотел: затворениците имаат телевизор, приватна бања

(Видео) Затвор во Норвешка нема решетки и изгледа како луксузен хотел: затворениците имаат телевизор, приватна бања

Луѓето останаа запрепастени кога на „Тик-ток“ видоа како во затворот „Халден“ во Норвешка живеат осуденици за убиство, силување и други злосторства.

dobivaj vesti na viber

„Поубаво е од станот што го изнајмувам. Еве го мојот нов пензиски план“, се пошегува еден корисник на „Тик-ток“ откако беа споделени сликите од затворто, пишува „Daily Mail“.

Додека друг напишал: „Ова не е затвор, ова е викендица“.

Во затвор чии власти се фалат дека е „најхуманиот затвор на светот“, секоја ќелија има своја бања, комплетно опремена кујна, телевизор со рамен екран, мини фрижидер, па дури и клуч од истата ќелија, пренсува медиумот.

За 12 до 15 соби има и најсовремена кујна со работни плочи од нерѓосувачки челик, дневни соби опремени со софи и маси за карти и други друштвени игри. Затворот чија изградба траеше 10 години и запрепастувачки 160 милиони евра за изградба, има луксузни објекти за затворениците, вклучително и теретана со ѕид за качување, цел супермаркет и студио каде што можат да снимаат содржини, пренесува „N1“.

„Рагалените“ затвореници, како што стои во написите, добиваат и две партнерски посети секоја недела, кои можат да ги поминат во соби без прозорци и надзор. Во овие соби постелнината е чиста, секоја има сопствена бања, со крпи и кондоми.

Нивните семејства исто така можат да дојдат и еднаш на секои три месеци да престојуваат во посебна дрвена колиба, која има и соби за деца и градина полна со детски играчки.

Затвореникот Халден Амунд објаснува како изгледа животот во најлуксузниот затвор на светот.

„Тие треба да бидат информирани за правилата, а потоа жените и девојките доаѓаат со своите деца една или две ноќи за време на викендот. Се работи за повторно поврзување на затворениците со нивните деца. Можеби некои немаат вградена врска долго време“, рече тој.

Луксузниот објект, кој е принуден дом за 252 криминалци, е намерно изграден за воопшто да не личи на затвор, пренесуваат медиумите.

Норвешките затворски власти тврдат дека оваа средина помага да се намали и онака многу ниската стапка на криминал во земјата.

Норвешкиот уметник Долк, кој насликал мурал во Халден вреден над милион евра, рече:

„Во норвешкиот затворски систем, фокусот е на човековите права и почитувањето. Не гледам ништо од ова како необично. Кога ќе дојдат во затвор, многу од нив се во лоша состојба и сакаме да ги подигнеме, да им дадеме самодоверба преку образование и работа и да заминат како подобри луѓе“, рече тој.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина