
Со интонирање на македонската химна, започна 31. Конгрес на СДСМ.
Според информациите, кворумот е исполнет, а покрај делегатите во салата во Александар Палас има и бројни гости а меѓу нив е и екс претседателот на партијата и премиер Владо Бучковски.
Во моментов се обраќа лидерот на партијата Венко Филипче, по што започнува работниот дел од Конгресот на кој се наведени десеттина точки на дневен ред.

