Утрински Весник
Свет

(Видео) Вучиќ: Шведска побара од нас да воведеме санкции против Русија

(Видео) Вучиќ: Шведска побара од нас да воведеме санкции против Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Шведска побарала од Србија да воведе санкции против Русија. Вучиќ ова го изјави веднаш по средбата со шведскиот министер Тобијас Билстром.

dobivaj vesti na viber

„Ги разбравме пораките од Шведска дека мораме да воведеме санкции кон Русија. Ние сме независна земја и соодветно ќе носиме одлуки. Уште еднаш, многу ви благодарам за вашата искреност и отвореност. Тоа е единствениот вистински начин да ги сослушаме аргументите едни на други и најдобро да се разбереме“, рече Вучиќ.

Тој се осврна и на ситуацијата на Косово и Метохија.

„Повторив дека Србија ќе го исполни она што го кажавме, но дека Србија нема да го поддржи членството на Косово во ОН. Денеска се навршуваат 10 години од усвојувањето на Бриселскиот договор, кога ќе ги формирате ЗСО, само кога ќе го исполните тоа, ќе направиме се друго. Тоа е обврска која постои од 2013 година. Ние во Србија не сме толку глупи. Очекуваме да си ги исполните обврските, потоа ќе се зафатиме и ќе покажеме колку сме доверлив партнер“, изјави Вучиќ.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници