Утрински Весник
Свет

(Видео) Вучиќ: Ова е мојот последен мандат

(Видео) Вучиќ: Ова е мојот последен мандат
Dik 300x250 mk

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето годишно обраќање до граѓаните рече дека нивната земја е поважна од лидерите и политичките партии и им се заблагодари за поддршката.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека негова работа е да биде на страната на граѓаните, на секој човек во Србија.

„ Ова е мојот последен мандат, нема да го менувам Уставот, мојата работа е да бидам на страната на граѓаните и секој човек во државата и тоа ќе го направам на најдобар начин и покрај тешките околности со кои се соочуваме “ изјави Вучиќ.

Тој се осврна на ситуацијата на Косово и Метохија и предупреди дека им претстојат тешки предизвици во однос на Косово и Метохија и дека едвај ги зачувале мирот и стабилноста.

„ Ние не испровоциравме никого, освен ако некој не го смета за провокација тоа што го почитуваме нашиот Устав и ги штитиме граѓаните. Не направивме ниту еден инцидент, ниту еден погрешен потег. Не можеме да им се спротивставиме на големите сили, ние сме мали, Германија, Америка и Европа се големи“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа