Околу 200 милиони Американци се погодени од силната зимска бура што ги зафати САД. Се проценува дека досега загинале најмалку 12 лица. Повеќе од 1,5 милиони жители останаа без струја, а илјадници летови беа откажани вчера.
Во Монтана е снимен интересен феномен кој добро покажува каков студ е – зовриена вода која веднаш се претвора во снег. На видеото се гледа како човек држи зовриена вода во сад и ја фрла во воздух, по што таа се претвора во магливи снегулки.