Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Загреб пронајден мртов маж, сопругата го убила и скокнала од прозорец, тврдат сведоци

(Видео) Во Загреб пронајден мртов маж, сопругата го убила и скокнала од прозорец, тврдат сведоци

Денеска околу 13 часот и 45 минути во стан во загрепската населба Студентски град  е пронајден мртов маж (55), а неговата 59-годишна сопруга била пронајдена надвор од станот со повреди кои најверојатно сама си ги нанела, соопшти загрепската полиција.

dobivaj vesti na viber

Повредената е пренесена во Клиничкиот болнички центар Дубрава. Според соседите и очевидците сопругата го убила мажот, а потоа скокнала низ прозорецот на зградата. Кога видела дека дошле пожарникарите и полицијата, скокнала од прозорецот и се повредила“, велат тие.

Следува кривична истрага.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада