Турските органи на прогонот приведоа 12 лица по хаосот кој настана синоќа на теренот по првенствениот натпревар од 30. коло во фудбалската суперлигашка конкуренција меѓу домашниот Трабзонспор и Фенербахче (2:3). -Против досега идентификувани 12 лица се поведени судски и административни постапки. Истрагата продолжува, напиша турскиот министер за внатрешни работи Али Ерликаја на социјалните мрежи. Навивачи на Трабзонспор од трибините се спуштија на теренот и физички ги нападнаа гостинските играчите на Фенербахче додека ја прославуваа побнедата. Судиите се обидоа да ги разделат навивачите и играчите кои се најдоа во физичка пресметка но неуспеваа, па откако безбедносната ситуација стана алармантна играчите на Фенербахче побегнаа кон соблекувалните додека кон нив летаа шишиња и други предмети. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, насилството на и надвор од теренот го нарече апсолутно неприфатливо.